Русија осуди Украинец на 11 и пол години затвор за шпионажа

Сподели со своите пријатели

Судот во јужна Русија осуди 57-годишен Украинец на единаесет и пол години затвор за шпионажа, бидејќи се обидел да добие тајни ракетни компоненти и да ги прошверцува во Украина, објавија во средата руските новински агенции.

Loading...

Тие ја цитираат руската безбедносна служба ФСБ дека човекот, идентификуван како Серхи Кривицки, бил агент на воената разузнавачка служба на Украина.

Не кажаа дали ја признал вината или не.

ФСБ појасни, според агенциите, дека човекот се обидел да набави тајни компоненти на рускиот ракетен систем земја-воздух С-300 за да ги прошверцува во Украина.

Според ФСБ, Кривицки е жител на Мелитопол, украински град кој беше заземен од руските сили на почетокот на 2022 година.

Москва сега го смета Мелитопол за дел од Русија, што Киев и Западот го отфрлаат.

Минатата година Русија отвори 31 случај поврзани со шпионажа и 98 за предавство, што е најголем број од распадот на Советскиот Сојуз.

Сите информации поврзани со најновите случувања со војната во Украина можете да ги прочитате ТУКА.

Loading...