Русија: Офанзивата на Киев пропадна

Сподели со своите пријатели

Украинските војници ги напаѓаат руските позиции долж целиот фронт, објави украинскиот претседател Володимир Зеленски, додека Русија тврди дека офанзивата на Киев е неуспешна, пренесува Ројтерс.

Loading...

Украина, сега вооружена со софистицирано оружје што пристигнува од Запад, направи нов притисок оваа недела да ги врати териториите на југот на земјата.

Зеленски, кој ги повика руските војници да бегаат и да си ги спасат животите, рече дека украинските сили се во офанзива на источниот и јужниот фронт, во Донбас и во регионот Харков, пренесува британската агенција.

Русија зазеде големи делови од јужна Украина во близина на брегот на Црното Море во првата фаза од шестмесечната војна, вклучително и регионот Херсон, кој се наоѓа северно од анектираниот полуостров на Москва, Крим.

Украина смета дека повторното заземање на овие региони е клучно за спречување на обидите на Русија да заземе поголема територија позападно, што на крајот би можело да го прекине пристапот на Киев до Црното Море.

Велика Британија, сојузник на Украина, во вторникот соопшти дека украинските сили го зголемиле артилерискиот оган на јужниот фронт, но дека не може да го потврди степенот на нејзиното територијално напредување.

Непроверените извештаи, слики и видеа на социјалните мрежи сугерираат дека украинските сили можеби повторно зазеле некои села и уништиле неколку руски цели на југ, според Ројтерс.

Руското Министерство за одбрана соопшти дека украинските сили биле поразени во овој обид, додавајќи дека единиците за противвоздушна одбрана собориле десетици проектили во близина на Херсон.

Loading...

Русија методично продолжува да ги спроведува своите планови во Украина, изјави во вторникот портпаролот на Кремљ, Дмитриј Песков.

– Сите наши цели ќе бидат остварени – рече тој.

Сите информации поврзани со најновите случувања со војната во Украина можете да ги прочитате ТУКА.