Русија: Од почетокот на војната, Украинците убиле речиси 4.500 цивили во Доњецк

Сподели со своите пријатели

Проруските власти на окупираниот украински регион Доњецк денеска тврдат дека речиси 4.500 цивили биле убиени во окупираните делови на Доњецк како резултат на украинското гранатирање во изминатата година.

Loading...

Руската режимска агенција Тас го цитира „заедничкиот центар за контрола и координација на теми поврзани со украинските воени злосторства“, во кој се наведува:

„Во текот на 389 дена на ескалација, 677 цивили, меѓу кои 28 деца, беа убиени пред почетокот на специјалната воена операција“ (како што Кремљ продолжува да ја нарекува инвазијата на Украина).

„На територијата ослободена за време на специјалната воена операција загинаа 3.780 цивили, од кои 106 деца. Севкупно се работи за 4.457 лица, од кои 134 деца“, соопштија проруските власти на Доњецк.

Сите информации поврзани со најновите случувања со војната во Украина можете да ги прочитате ТУКА.