Русија ќе возврати, но нема да се изолира од ЕУ

Сподели со своите пријатели

Русија денеска најави дека ќе воведе одмазднички мерки за ограничување на визите за нејзините граѓани за влез во Европската унија, но рече дека нема да се изолира од Унијата како одговор на европските мерки.

Loading...

„Нашите интереси, интересите на нашиот народ, ќе бидат земени предвид на прво место при изборот на одмазднички мерки“, изјави за новинарите портпаролката на Министерството за надворешни работи Марија Захарова, пренесе Ројтерс.

Таа нагласи дека Руската Федерација нема да се изолира од ЕУ како одговор на ограничувањето на визите за Русите во Унијата.

ПРОЧИТАЈТЕ И:  Пријавено четврто истекување гас на Северен тек

Министрите за надворешни работи на ЕУ минатата недела договорија мерки што ќе го отежнат влезот на руските граѓани во европскиот блок, пренесува Танјуг.

Кремљ ги нарече ограничувањата смешни.

Литванија, Латвија, Естонија и Полска тогаш најавија дека ќе го ограничат влезот на руските граѓани.

Сите информации поврзани со најновите случувања со војната во Украина можете да ги прочитате ТУКА.