Русија ќе продолжи да испорачува гас за Италија

Сподели со своите пријатели

Русија ќе продолжи со испораките на гас за Италија, откако во саботата ги прекина поради „проблеми“ во Австрија, низ која минува рускиот енергетски снабдувач, објави денеска „Газпром“.

Loading...

„Гаспром, во соработка со италијанските клиенти, успеа да најде решение за форматот на интеракцијата под условите на регулаторните промени на австриската страна што се случија на крајот на септември“ и кои доведоа до суспензија на испораките.

Во саботата „Газпром“ објави дека целосно го прекинува снабдувањето со гас за „Ени“, наведувајќи ја неможноста за транспорт на таа енергија преку Австрија поради стапувањето во сила на новите регулативи на 1 октомври.

Сите информации за економско-енергетската криза во светот можете да ги прочитате ТУКА.