Русија преместува голем број војници на југот на Украина за да се борат со украинската армија во новоокупираните области на Крим, изјави заменик-шефот на украинската воена разузнавачка служба.
„Тие го зголемуваат бројот на своите војници, се подготвуваат за нашата контраофанзива и можеби се подготвуваат да започнат сопствена офанзива. Југот е клучен за нив, пред се поради Крим“, рече тој.
Украинскиот претседател Володимир Зеленски ги потврди овие информации во своето последно обраќање до Украинците, велејќи дека Русија ги преместува војниците од источна кон јужна Украина за да напредува кон регионалниот главен град Херсон, како и во регионот Запорожје.
„Сега руската армија се обидува да ги зајакне своите позиции во окупираните области на југот на нашата земја, зголемувајќи ја активноста во соодветните области“, рече тој, додавајќи дека „стратешки, Русија нема шанси да победи во оваа војна“.
Движењето на руските трупи доаѓа како одговор на најавената контраофанзива на Украина за ослободување на јужните окупирани региони Керсон и Запорожје.
Украинските сили повторно зазедоа десетици села и градови долж границата, според воениот гувернер на регионот, Дмитро Бутриј, и напредуваат кон регионалната престолнина Херсон.
Сите информации поврзани со најновите случувања со војната во Украина можете да ги прочитате ТУКА.