Русија: Испораката на ракети со долг дострел во Украина може да доведе до конфликт со САД

Сподели со своите пријатели

Ако САД почнат да го снабдуваат Киев со балистички ракети ATACMS со дострел до 300 километри, тоа би значело директно мешање во воениот конфликт со Русија, изјави рускиот амбасадор во Вашингтон, Анатолиј Антонов за Спутник.

Loading...

Како што рече, доколку Киев добие такво оружје од САД, големите руски градови, како и објектите на руската индустриска и транспортна инфраструктура, ќе бидат во зоната на можно уништување.

– Таквото сценарио би значело директно мешање на Соединетите Американски Држави во воена конфронтација со Русија – изјави рускиот амбасадор.

Тој, исто така, истакна дека вооружените сили на Украина „постојано ги кршат нормите на хуманитарното право дури и на териториите што Киев ги сметаше за дел од Украина“.

– Населбите во Донбас се гранатирани, невини цивили се убиени. Погледнете колку свастики и нацистички симболи има на украинската воена опрема. Ако тоа се случува во ДНР и ЛНР, очигледно е дека ако добијат американски ракети со долг дострел, без двоумење ќе ги употребат против нашата земја – изјави Антонов.

Како што додаде, Русија верува дека западните „покровители на Киев“ нема да се согласат на мирно решение на украинскиот конфликт и ќе продолжат да го поттикнуваат на нови самоубиствени авантури.

Претходно медиумите објавија дека Киев побарал од Вашингтон ракети со долг дострел, вклучувајќи тактички балистички ракети земја-земја (ATACMS), како и тенкови, беспилотни летала, артилериски системи, противбродски ракети Харпун и 2.000 ракети Химарс.

Сите информации поврзани со најновите случувања со војната во Украина можете да ги прочитате ТУКА.

Loading...