Русија и САД разговараат за преговори за стратешко нуклеарно оружје

Сподели со своите пријатели

Русија и САД разговараат за разговори за стратешко нуклеарно оружје за првпат откако Москва ја нападна Украина, објави рускиот весник Комерсант, повикувајќи се на четири извори запознаени со разговорите, пренесува Ројтерс.

Loading...

Разговорите меѓу двете страни за стратешка стабилност се замрзнати откако Русија ја започна својата инвазија на Украина на 24 февруари, иако Договорот за намалување на нуклеарното оружје Новиот СТАРТ останува во сила.

Разговорите би можеле да се одржат на Блискиот Исток, пишува рускиот весник, додавајќи дека Москва повеќе не ја гледа Швајцарија, традиционалното место на одржување, како доволно неутрална откако воведе санкции кон Русија поради Украина.

Сите информации поврзани со најновите случувања со војната во Украина можете да ги прочитате ТУКА.