Русија: Директор на фабрика за авиони праќал податоци до Украина

Сподели со своите пријатели

Русија уапси еден од менаџерите на фабриката за авиони под сомнение дека ѝ предал тајни воени информации на Украина, пренесува РИА Новости, повикувајќи се на федералната служба за безбедност ФСБ.

Loading...

Висок функционер на една од руските одбранбени компании е осомничен дека доставувал доверливи информации на Украина, објави ФСБ.

„Додека бил на позицијата директор за квалитет на фабрика за авиони, имајќи пристап до техничката документација означена како „строго доверлива“, жителот на Подмосковје со својот мобилен телефон фотографирал фрагменти од нацрти за делови за воени авиони“, објаснила тајната служба.

Според извештаите, осомничениот ги испратил овие слики на државјанин на Украина, кој е вработен во една украинска авиокомпанија во Одеса.

Во соопштението се прецизира дека осомничениот е уапсен и дека против него е покрената постапка за предавство, кривично дело за кое му се заканува можна казна затвор од 20 години, пренесува РИА Новости.

Сите информации поврзани со најновите случувања со војната во Украина можете да ги прочитате ТУКА.