Русија: Цените на гасот ќе одат до 5.000 евра

Сподели со своите пријатели

Заменик-претседателот на рускиот Совет за безбедност, Дмитриј Медведев, очекува дека цената на бензинот во ЕУ до крајот на годината ќе биде 5.000 евра за илјада кубни метри гас.

Loading...

Медведев на почетокот на неделата предвиде дека цената на гасот во ЕУ до крајот на годината би можела да достигне 4.000 долари за илјада кубни метри гас.

– Во однос на поскапувањето на бензинот на 3.500 евра за илјада кубни метри, принуден сум да ја зголемам таа прогноза на 5.000 евра до крајот на годината“, напиша Медведев на „Телеграм“.

Цените на природниот гас во Европа се доближуваат до рекордни нивоа поради намалувањето на извозот на овој енергенс од Русија поради западните санкции воведени по почетокот на воената операција во Украина.

ПРОЧИТАЈТЕ И:  Стотици илјади луѓе протестираа во Аргентина

Сите информации поврзани со најновите случувања со војната во Украина можете да ги прочитате ТУКА.