Русија блокираше важен договор на ОН

Сподели со своите пријатели

Русија го блокираше Договорот за неширење нуклеарно оружје (НПТ) во Обединетите нации бидејќи Москва се спротивстави на клаузулата за контрола на електраната Запорожје во Украина.

Loading...

Последната седница беше одложена повеќе од четири часа поради одбивањето на Русија да се согласи да потпише изјава за поддршка на НПТ, која вклучуваше споменување на нуклеарната централа Запорожје, која беше окупирана од руските сили.

Во четвртокот електраната беше привремено исклучена од украинската електрична мрежа, но приклучокот беше вратен.

ПРОЧИТАЈТЕ И:  Киев официјално отфрла преговори со Путин

Руските сили наводно планираат потрајно да ја исклучат централата од мрежата, што предизвикува загриженост за можна катастрофа.

Сите информации поврзани со најновите случувања со војната во Украина можете да ги прочитате ТУКА.