Русија ѝ се заканува на Јапонија: Ќе има последици ако испорачате ракети во Киев!

Сподели со своите пријатели

Русија ја предупреди Јапонија за последиците од предавањето на американските ракети за противвоздушните системи „Патриот“, кои може да се најдат во Украина, изјави в.д. директор на третиот оддел за Азија на Министерството за надворешни работи на Русија Сергеј Жестки.

Loading...

– Кога во декември 2023 година, администрацијата на Фумио Кишида законски ги олесни националните регулативи за извоз на воени производи, со цел да испорача ракети во Америка кои беа произведени во земјата под лиценца за „Патриот“, Јапонија беше директно предупредена од амбасадорот во Москва, Акира Муто, дека не се сомневаме дека крајниот корисник е режимот во Киев – рече Жестки.

ПРОЧИТАЈТЕ И:  РУСИЈА: Осомничениот за експлозија на автомобилот признал дека соработувал со украинските служби

Дипломатот изјави дека Русија ќе ја смета испораката на оружје во Киев како соучесништво во злосторствата на Киев.

Покрај тоа, Министерството за надворешни работи на Русија го покани јапонскиот амбасадор да разговара за ситуацијата во Украина.

Белата куќа на крајот на декември потврди дека Токио одлучил да ги предаде ракетите на Соединетите Американски Држави, велејќи дека тоа ќе овозможи поголема безбедност за Јапонија, како и зајакнување на мирот и стабилноста во индо-пацифичкиот регион.

По средбата на амбасадорот Акира Муто со заменик-министерот за надворешни работи на Русија Андреј Руденко, јапонската амбасада потврди дека ракетите доставени до Вашингтон нема да се користат во Украина.

ПРОЧИТАЈТЕ И:  Хакерска група објави податоци за повеќе од 3.200 странски платеници

Сите информации поврзани со најновите случувања со војната во Украина можете да ги прочитате ТУКА.