Руси: Украинци нападнаа наш град, остана без струја

Сподели со своите пријатели

Гувернерто на руската област Белгород, која граничи со Украина, денеска соопшти дека градот Валујки останал без струја по неколку експлозии.

Loading...

Вјачеслав Гладков тврди дека во експлозиите загинал еден цивил, а други двајца завршиле во болница.

Рускиот гувернер ја обвини украинската армија за напад на градот. Украина се уште не ги коментира овие извештаи.

Не е првпат Русите да тврдат дека Украинците нападнале градови и населени места во регионот на Белгород, од каде Русите редовно испраќаат војници преку границата во Украина.

Сите информации поврзани со најновите случувања со војната во Украина можете да ги прочитате ТУКА.

ПРОЧИТАЈТЕ И:  Полски државјанин уапсен под сомнение дека учествувал во заговор за убиство на Зеленски