Во рускиот град Ростов, кој од рано утринава на 24 јуни е под контрола на групата Вагнер, се слушаат експлозии и пукотници.
Според руските медиуми, експлозијата се случила во близина на главната зграда на Јужниот воен округ.
Оваа зграда претходно денеска беше опкружена од Евгениј Пригожин со неговите вагнерски трупи.
Иако во самиот град досега немало борби, се чини дека ќе дојде до конфликт.
„Имаше експлозија и пукање“, изјави новинар од рускиот медиум РТ.
Да потсетиме, во раните утрински часови во саботата на 24 јуни имаше вооружен бунт на Вагнеровата група, под водство на Евгениј Пригожин, против Владимир Путин и властите во Русија.
There was an explosion near the headquarters of the Southern Military District in Rostov-on-Don – RT propaganda correspondent from the scene. pic.twitter.com/jNQdGkota0
— NEXTA (@nexta_tv) June 24, 2023
Сите информации поврзани со најновите случувања со војната во Украина можете да ги прочитате ТУКА.