Романтично-еротските острови на јужна Италија

Сподели со своите пријатели

– Стромболи и Филикуди – два прекрасни острова од Еолскиот Архипелаг на Сицилија, од дамнешни времиња се сметаат за „атоли на плодноста“. За нив се вели дека имаат магични еротско-романтични сили, кои во последно време сѐ повеќе ги привлекуваат младите и вљубени туристи.

Loading...

Околните жители велат дека островите се претвориле во главна светска атракција за оние кои се во потрага по уникатна секс-авантура. Тоа, наводно, поради мистични способности на островчињата за подигање на либидото и за полесно зачнување…

Природните базени со топла вода, пејзажите и интригирачките пештери лесно може да Ве инспирираат на романса и милувања, велат локалните жители. За Стромболи клучна улога, се чини има тамошниот вулкан – еден од најактивните во светот, кој исфрла чад во воздухот на секои 15 минути. Иако на прв поглед звучи како нешто страшно, на самото место чувството е сосема поинакво – еротско.

– Ова е многу сензуално место – остров на оган и страст. Може да ги почувствувате постојаните вибрации во вас, секој пат кога таму горе ќе се случи експлозија – тогаш се буди и вулканот во вашето тело. Тоа создава моќна сексуална привлечност, вели Марија Пуглиси, трговец со вино.

Мирисот на воздухот е посебна приказна. Причината за тоа е необичното растение кое цвета само ноќе – cestrum nocturnum, а неговата арома има силно афродизијачко дејство.

Една од повпечатливите легенди е и онаа за Пештерата на вљубените на Филикуди.

– Таа вели дека ако маж и жена влезат во неа заедно, неизбежно ќе подлегнат на страста и ќе излезат како тројца – со штотуку зачнато бебе, вели Нино Терано, угостител. 

Слободан Иванов

Loading...

Leave a Reply