Приватни компании во Соединетите Американски Држави заработуваат милиони годишно со распарчување и продажба на човечки ела кои се донирани во научни цели.
До шокантни откритија дошле новинарите на агенцијата Ројтерс кои со најобична размена на мејлови и без било какви проблеми во Тенеси успеале да купат човечки ‘рбет и две глави.
Католичка црква: 3.066 деца сексуално злоставени во последните 35 години
Работејќи на оваа приказна, новинарите дошле до фирмата „Southern Nevada Donor Services“ во Лас Вегас којанудела на ожалостени семејства бесплатно кремирање на починатите во замена за донирање на телото на кое подоцна ќе се прават научни истражувања.
Меѓутоа, приказната има своја темна позадина. Есетна 2015 година, жителите на предградието се пожалиле на сомнителна смрдеа и крвави кутии во контејнерите за смет. Во декември неколку загрижени граѓаните до властите пријави сомнителни активности кои ги забележале во последните неколку месеци.
БИЗАРНА ПРАКСА ВО КИНА: ХИВ главно оружје за наплата на долговите!
Здравствените инспектори пронашле маж облечен во лекарска униформа како сред бел ден во својот двор со црево за вода се обидува да одмрзне замрзнато човечко тело. Парчиња ткива и крв се слевале низ улицата.


