Рогов: Украинците го пробија покривот на складиште за гориво во Запорожје

Сподели со своите пријатели

Проектил истрелан од украинските сили навлезе во покривот на просторијата во посебна зграда во комплексот на нуклеарната централа Запорожје, каде што се наоѓа гориво за реакторот, соопшти денеска Владимир Рогов, портпарол на проруската администрација на регионот Запорожје.

Loading...

Покривот на специјалната зграда број 1 на нуклеарната централа Запорожје беше пробиен во напад на милитантите на Зеленски.

Тој објави фотографии на кои се гледа пробиениот покрив на магацинот.

Руската и украинската страна со денови разменуваат обвинувања за гранатирањето на најголемата нуклеарна централа во Европа, која се наоѓа на југот на Украина на левиот брег на реките Днепар.

Нуклеарната централа е под контрола на руските сили од март, а таму работи украински персонал.

Сите информации поврзани со најновите случувања со војната во Украина можете да ги прочитате ТУКА.