Родители дознаа дека нивната ќерка излегува со трансродово момче реакцијата беше брутална (ВИДЕО)

Сподели со своите пријатели

Корисничката на ТикТок, девојче по име Елисе, сподели снимка од моментот кога им открива на своите родители дека нејзиното момче е трансродов маж.

Loading...

Нејзините снимки нудат увид во предизвиците со кои се соочуваат луѓето кога станува збор за трансфобија и прифаќање на родовиот идентитет.

На првата снимка, Елисе се слуша како липа додека нејзиниот лут татко вика дека нејзиното момче „воопшто не е момче“ и таа се обидува да го убеди во спротивното.

Потоа тој и рече: „Имаш избор, имаш избор, но ова не е вистинскиот избор и го знаеш тоа длабоко во себе“.

Во друго видео, Елисе им кажува на своите родители дека таа и нејзиното момче биле заедно помеѓу седум и осум месеци, и во тој момент, татко ѝ ја обвинува дека е „подготвена да се откаже од [нејзиното] семејството“.

Иако негодува и го убедува дека ги сака нејзините родители и дека никогаш не сакала да ги повреди, нејзиниот татко одговара дека „поставила ѕид меѓу нив“.

 

Loading...

„Ова не е начинот на кој те воспитавме“, продолжува тој, „А ако ова е она што ќе го избереш, не можеме да го промениме, но ќе има последици“.

Додека Елисе се жали дека нејзиното момче е „неверојатно“ и само сакала да биде искрена со нејзините родители, нејзината мајка прашува: „Дали навистина мислеше дека ќе ја поддржиме (оваа врска)?“

„Свесно си се одлучила за тоа, си знаела што правиш. Никој не ти држи нож за да му станеш љубовница…”, продолжува нејзината мајка.

 

 

На крајот, нејзиниот татко и рекол дека ако ја продолжи оваа врска, таа ќе мора да порасне многу брзо и дека тој не планира да ја финансира.

Снимката на Елисе собра повеќе од 2,5 милиони прегледи за само два дена, додека корисниците го споделија своето воодушевување од нејзината храброст и тага поради реакцијата на нејзините родители.

Loading...

Во одделно видео, Елисе откри дека нејзините родители ја избркале од куќата, а нејзината мајка и дала само пет минути да си ги собере работите.

Таа додаде дека нејзиниот татко повеќе не сака да ја гледа или да разговара со неа, пренесува Independent.

 

@enoblehereSome of y’all wanted the recording♬ original sound – elyse


Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *