Родила три деца за 10 месеци, но не биле тројки: Еве како е можно! (ВИДЕО)

Сподели со своите пријатели

Сарита Холанд (41) од Мелбурн ги шокираше корисниците на социјалните мрежи кога откри дека родила три деца за 10 месеци – но тие не биле тројки.

Loading...

Прво се родила ќерката Стиви, а малку подоцна и идентичните близнаци Кип и Боуви, пренесува The Sun.

„Дека сум повторно бремена, дознав откако ќерка ми наполни 10 месеци. Звучи лудо, но така се случи“, објаснила Сарита.

Момчињата се родени предвреме, во 30 недела и пет дена, што значи дека сите наследници се на иста возраст.

Мајката признава дека не било лесно да се грижи за бебето додека носи близнаци.

ПРОЧИТАЈТЕ И:  Неверојатна куќа во карпа изградена пред 100 години (ВИДЕО)

„За среќа имав мирна бременост. Ситуацијата беше апсолутно луда и можете да го замислите мојот шок“, рече таа.

Сарита се пошегува дека „животот ќе стане многу поскап“ кога нејзините деца ќе наполнат 18 години.

Необичната приказна од Мелбурн предизвика поплава од коментари на TikTok, каде Сарита ја објави својата приказна.

Loading...

Видеото е прегледано повеќе од 1,5 милиони пати, а многумина признаваат дека не би можеле да го издржат притисокот во слична ситуација.

Една личност била љубопитна, па прашала: „А што се случува кога децата ќе наполнат 18 години?“.

Мајката одговорила: „Тогаш добиваат возачки дозволи. Затоа треба да се купат три автомобили“.

ПРОЧИТАЈТЕ И:  Зошто има многу раси кучиња, а малку раси мачки? (ВИДЕО)

 

@saritaholland We survived (just) 👏 #3babiesunder1 #busymum #irishtriplets ♬ original sound – sarita holland