Според Истражувачката база за развој на џиновски панди во градот Ченгдуу, родено е најлесното младенче од панда во светот, со тежина на просечно јајце од кокошкта.
Во кинеската провинција Сичуан, во градот Ченгду родена е најмалата панда тешка како и јајце од кокошка, со големина од 2/3 од нејзината сестра близначка.
Албино панда прв пат снимена во природата (ВИДЕО)
Од Истражувачкиот центар за развој велат дека осумгодишната женка панда, Ченгда, го родила првото младенче тешко 171,9 грама, а потоа значително помалото тешко едвај 42,8 грама, и со тоа по втор пат станала мајка.
– Со самото тоа што го преживеа, толку мала панда родена во вештачко опкружување, претсавува чудо, објаснува шефот на центарот каде е родена пандата, Занг Знихе за china.org.cn.
Со песна и торта прославен роденден на панда во Кина (ВИДЕО)
Оваа минијатурна панда полесна е од претходната намала панда во светот, која е родена во рамки на истиот центар во август 2006 година. Машката панда Вуји, на раѓањето имала 51 грам, пораснала благодарение на млеко од две возрасни панди и денес има 132 килограми.
РЕШЕНА МИСТЕРИЈАТА: Зошто пандите се црно-бели?
Во базата за панди на градот Ченгду, ангажиран е доволно голем број експерти задолжени за нега на новородените панди, така што секое младенче има болничар која се грижи за него.
Иако состојбата на најмалата панда е стабилна, вниманието на експертите и ветеринарите кои работат во базата е насочена на тоа успешно да се одгледа уште едно чудо.
фото: Youtube printscreen/ CCTV Video News Agency