27.05.2019 23:02

Албино панда прв пат снимена во природата (ВИДЕО)


Во кинескиот Национален природен резерват Волонг снимена е албино панда.

Фотографијата е направена со инфрацрвена камера во април, околу 2.000 метри над нивото на мроето во југозападната кинеска покраина Сичуан. Ретката панда е снимена додека лутала во бамбусова шума, пренесува CCTV.

loading...

Снимената панда на телото нема никакви дамки, а очите и се црвени.

Панди во Кина добиваат резерват од 1,5 милијарди долари

– Судејќи по снимките, пандатата е албино и на возраст од една до две години, рекол Ли Шенг, истражувач од Универзитетот во Пекинг и експерт за мечки.

Тој подоцна за CNN отрик и дека ова е прв пат таква панда да биде снимена во дивината.

– Ова е целосно бела панда и е реткост меѓу дивите панди. Ова покажува дека гените на албинизмот постојат во дивата популација на големи панди во Волонг. Пандата изгледа силно и чекори табило, што е знат дека генетската мутација можеби и не го отежнала премногу животот на оваа животно, рекол тој.

РЕШЕНА МИСТЕРИЈАТА: Зошто пандите се црно-бели?

Резерватот сега планира да постави уште камери за да го следи развојот на оваа панда и интеракцијата со останатите панди.


© Крадењето авторски содржини е забрането со закон. Преземањето на текстови и изјави во авторска сопственост на порталот Кумановски Муабети е дозволено делумно, со задолжителен хиперлинк до содржината која се пренесува. Секое преземање фотографија означена со лого, без претходна согласност со Кумановски Муабети, е строго забрането!

Последни наслови

Facebook Comments