Робот кој е атракција во стриптиз клубови (ВИДЕО)

Сподели со своите пријатели

Францускиот стрип клуб „Strip Cafe Club“ во Нант ангажираше роботи како стриптизери. Во текот на наредниот месец, тие ќе играат заедно со вистинските жени во  барот и ќе изведат бројни настапи.

Loading...

Роботи со големина на човекот за викендот го имаа својот прв настап на сцената пред стотици гледачи. Тие се направени од пластични и метални делови од стари автомобили и на нозе имаат бели чевли со високи потпетици. Наместо глави, тие имаат камери за надзор, кои цело време ја следат публиката. Во ритамот на музиката, роботите се вртеа околу шипката, ги извртуваа колковите и правеа секси движења, мамејќи гласен аплауз.

Сексипилниот уред е дизајниран од британскиот уметник Џајлс Вокер, кој изјави дека сака да провери како луѓето ќе реагираат кога роботи танцуваат пред нив.

– Моите роботи се грандиозни и ентузијастични. Тие се програмирани за да можат да танцуваат околу барот и го прават тоа скоро како вистински танчери. Ставам камери на главите да испитаат како луѓето се чувствуваат ако знаат дека некој ги следи. Верувам дека роботите имаат моќ токму заради камерите што ја следат масата“, рече Вокер.

Тој посочи дека роботите се многу секси, со што се согласил сопственикот на кафе клуб „Стрип Клуб“ Лорен Ру.

– Гледачите беа восхитени. Многумина ми кажаа дека мислат дека роботите се многу привлечни. Сепак, вистинската цел на оваа претстава е да се истакне важноста на роботиката и вештачката интелигенција, која сè повеќе влегува во сите пори на општеството – истакна Ру.

Тој додаде дека покрај роботите, редовните стриптизери ќе продолжат да ги изведуваат своите точки и дека нивните работни места не биле компромитирани. И покрај ова, неговите женски работници не беа воодушевени.

– Роботите никогаш нема да можат да заменат вистински танчери. Моето дело е убаво и многу уметничко, не вулгарно како што тоа го сфаќаат некои луѓе. Танцувањето околу барот е физички захтевно, а стриптиз е само еден помал дел од целата приказна – рекла стриптизета која се претставила како Лекси.

Loading...

Стриптиз роботите за прв пат се појавија во јануари минатата година во стриптиз клубот Сафир во американскиот град Лас Вегас.

Leave a Reply