Резников: Не верувам дека Русија ќе користи нуклеарно оружје

Сподели со своите пријатели

Украинскиот министер за одбрана Олексеј Резников изјави дека не верува оти Русија ќе употреби нуклеарно оружје во Украина бидејќи тоа не би било ниту прагматично ниту практично, но дека во случајот со Русија треба да се пресметаат сите ризици.

Loading...

– Мислам дека нема да го искористат. Но, повторно, кога имате мајмун со граната за сосед, треба да процените секакви ризици. Но, мислам дека тоа не е прагматичен и практичен чекор за нив – изјави Резников за Ројтерс.

Тој рече дека се надева оти Индија и Кина – земји со кои Москва сака да соработува – јасно му посочиле на Путин дека употребата на нуклеарно оружје ќе биде „црвена линија“.

ПРОЧИТАЈТЕ И:  Се урна бомбардер во Русија (ВИДЕО)

– Каква е техничката состојба на нивното нуклеарно оружје? Дали знаеш? Не. Јас? Не. Тие исто така не знаат. Затоа што последниот тест беше направен во 1990-тите во Казахстан, пред повеќе од 30 години – нагласи Резников.

Сите информации поврзани со најновите случувања со војната во Украина можете да ги прочитате ТУКА.