РЕВОЛУЦИОНЕРНО: Откриен лек кој ќе стави крај на ХИВ вирусот?

Сподели со своите пријатели

Лекот за СИДА можеби е пред нас затоа што научниците тврдат дека новиот лек ги намалил ризиците од ширењето на ХИВ вирусот меѓу сексуални партнери на нула отсто во истражување во кое учествувале 1.000 парови каде еден од партнерите бил заразен со вирусот.

Loading...

Кога биле под терапија со новиот лек за спречување на пренесување на вирусот, било откриено дека вирусот не е пренесен од заразениот партнер на другиот дури ни кога при сексот не е користен кондом. Во период од 18 месеци, 15 мажи од групата била заразени со ХИВ вирусот, но само затоа што имале секс со некој кој не бил нивен партнер и кој не примал терапија.

Професорката Алисон Роџерс од Универзитетот Лондон, една е од авторките на истражувањето, и објаснила што може да значи оваа откритие.

– Брилијантно е. Фантастично. Ова многу го решава проблемот. Нашето откритие обезбедува опипливи докази за геј мажите дека пренесување на ХИВ вирусот може да се намали и да се доведе до нула. Ова може да ја спречи ХИВ епидемијата така што ќе спречи и ширење на болеста, рекла таа.

Предупредила дека напорите сега мора да се насочат кон милиони луѓе ширум светот кои се ХИВ пизитивни, а во 2017 година околу 40 милиони луѓе ширум светот биле заразени со овој вирус, од кои 22 милиони биле на некој вид терапија.

Научниците тврдат дека оваа откритие треба да ги охранри да се тестираат на ХИВ и да започнат со терапија ако тоа е неопходно. Особено треба да ги охрабри мажите кои се во сексуални врски со мажи.

На некои луѓе не им е лесно да одат и да се тестираат и да дојдат до соодветна терапија. Секогаш е најдобро да се провери какво е здравјето и да се знат дали терапијата е потребна, особено затоа што кај нас е можно да се направи ХИВ тестирање бесплатно, а притоа е и анонимно.

Leave a Reply