Решил грубо да се пошегува со своето бебе, па сега мора да оди во затвор (видео)

Сподели со своите пријатели

Роман Афанасјев (31) од сибрискиот град Зеленогорск го довел своето шестмесечно бебе во голема опасност, а сето тоа го снимал и објавил на интернет.

Додека возел БМВ, отворил прозорец низ кој го држел детето со една рака на надворешната страна од автомобилот, додека со другата го држи воланот.

Пред полицијата се правдал дека своето бебе не го загрозил, туку само сакал да биде како него и да не се плаши од ништо. Тој сега поради оваа дело се соочува со минимална казна затвор од три години.

Не е тоа прв пат Роман да злоставува дете затоа што минатата зима позираше на кровот на зграда држејќи ја својата постара ќерка во воздух свртена наопаку, на ледениот кров прекриен со снег и тоа само за една нога.

Неговите снимки и фотогафии предизвикале бурна реакција на интернет., а со целиот слуачај сега се занимава полицијата.

Иако тврди дека секогаш и се контролира и дека ниту едно од децата не ги довел во опасност, неговото однесување го прифаќа и неговата жена Кристина, а двајцата за разговор со новинарите барале дебела парична надокнада, иако се соочуваат со губиток на старателството над своите деца.

https://youtu.be/46cmmniUv3M

Loading...