Решете се од мачнините при патувањето во пет чекори

Сподели со своите пријатели

Секој од нас барем еднаш во животот се соочил со тешка мачнина при патување која завршила на најлош можен начин – повраќање.

Loading...

Експертите претставуваат листа од пет начини како можете да го избегнете оваа непријатно чувство при возење со авион, авботус или автомобил.

Како што пишува „Гардијан“, најважно е да се фокусирате на екстериерот, да бидете внимателни со употреба на одредени лекови, правилно да дишете и постепено да се привикнувате на долги релации.

Девет најнови забрани кои можат да ви го расипат одморот

Избегнувајте одредени позиции при патувањето

Не патувајте со мали авиони кои имаат поголеми турбиленции од големите. Доколку сте на брод, држете се до средината, каде има помалку нишање. Во автомобил или автобус најлоши место за седење е на задното седиште. За жал, ова е место каде децата обично седат, а луѓето се најподложни на мачнини во раното детство. Возрасните кои патат од мигрена исто така се подложни на овој проблем.

Кои се најбезнедните и најопасните дестинации за 2019. година?

Фокус на надворешната средина

Loading...

Најдобро објаснување за мачнината при возењето се крие во т.н. сензорна теорија на конфликти, која се сведува на неусогласеност меѓу она што вашите очи го гледаат и инфомациите за движењето кои допираат до внатрешното уво.

– Доколкус војот поглед го насочите кон прозорецот и надворешната средина, тоа мое да биде од помош, вели Голдинг.

Значи, немојте да читате или гледате во телефон. Обидете се да ја задржите главата поголемиот дел од времето свртени кон надворешната средина.

Семејство бара фотограф кој ќе ги следи на пат околу светот

Внимателно со лековите

Лековите кои се продаваат без рецепт, најчесто антихистаминици, можат да бидат делотворни за третирање на симптомите поврзанис о разни алергиски состојби, но можат да доведат до замаглување на видот и поспаност, вели Голдин, што не е добро ако треба да возите.

Дишете правилно

– Контролираното дишење е скоро двојно поефикасно од лековите. Рефлексот за повраќање го исклучува респираторниот импулс, па ако се концентрирате на дишењето, тоа може да го спречи повраќањето. Вежбајте вашето дишење да биде изедначено, вели тој.

Loading...

Луѓето кои го поседуваат овој пасош можат без проблем да патуваат во 190 земји

Привикнување на долги патувања

Според експертите, најважна работа во целата приказна се базира на привикнувањето. Најпрвин тргнете на кратки патувања и возете се се до оној момент кога ќе почнете да чувствауте манина, а потоа застанете и одморете. Потоа впуштете се во се подолги патувања за да можете да ги поместите сопствените граници на издржливоста.

Leave a Reply