Пуштени во употреба двете реновирани основни училишта во градот (галерија)

Сподели со своите пријатели

Две основни училишта од општина Куманово денеска свечено беа пуштени во употреба, откако во изминатиот период истите беа реновирани.

Loading...

[huge_it_gallery id=”215″]

Денеска во присуство на градоначалникот Зоран Дамјановски,  претставници на општинската администрација и Џенифер Форд, воздухопловен аташе во американската амбасада во Скопје. свечено беше пуштен во употреба реновираниот дел на училиштата ООУ„Браќа Миладиновци“ и ООУ „Наим Фрашери“.

Реновирањето опфаќаше замена на старите и дотраени прозорци, како и санитарните јазли на училиштето кое откако е изградено до сега ниту еден пат не било реновирано.

Средствата за реновирање овие училишта ги обезбедија преку проектот за меѓуетничка интеграција во образованието на УСАИД со подршка од општина Куманово.