Религии за кои нема да ви се верува дека постојат (ВИДЕО)

Сподели со своите пријатели

Можеби сте слушнале дека во САД е отворена црква која е посветена на сланината, а тоа не натера да размислиме какви се необични религии и цркви постојат.

Loading...

Црква на сланината

Обединетата црква на сланината има девет заповеди како животот би бил посреќен и исполнет со сланина. Со околу 4000 членови, организацијата ги прифаќа сите оние кои сакаат зборот и значењето на сланината да го шират низ светот.

Црква на летечко „шпагети“ чудовиште

Позната и како пастафарианци, членовите на оваа црква велат дека имаат илјадници обожаватели ширум светот. Пастафарианците веруваат дека светот настанал од оваа „шпагети“ чудовиште.

https://www.youtube.com/watch?v=CqPw_kZRtj4

Џедизам

Ова е инспирирано од Џедајите од серијата „Star wars“, а некој ја земал идејата Џедај и Сила и се споил со нив на доховно ниво. Црквата на Џедаја верува во моќта на силата која ги поврзува со универзумот. Во оваа религија таа сила е дел од човештвото односно е носител на моралот од внатре.

Апатеизам

Loading...

Апатеистичкиот центар верува дека веројатно нема Господ и дури и да постои тие се целосно индиферентни кон неговото постоење. Тие се организираат и среќаваат еднаш годишно за да разговараат за својата индиференција.

Обожавање на принцот Филип

Постои оствров во јужниот Пацифик под име Тана, каде мештаните веруваат дека принцот Филип буквално е Бог кој чекори. Неговото постоење е базирано на древната приказна за планинскиот дух кој отпатувал, но се вратил кога се оженил за моќна жена. Со оглед дека Војводата од Единбург е оженет за Кралица, изгледа дека одговара на описот.

Црква на Еутанзија

Оваа црква е инспирирана од сонот на величенствениот Крист Корд. Во сон, тој се соочил со вонземјанска интелигенција – суштество кое говорело за уништување на земјата. Црквата има вознемирувачки слоган: „Спаси ја планетата – Убиј се“.

Leave a Reply