Рекордни 858 милијарди долари за новиот воен буџет на САД

Сподели со своите пријатели

Претставничкиот дом на американскиот Конгрес го усвои Законот за овластување за национална одбрана или NDAA, со кој се создаваат услови буџетот за одбрана следната година да достигне рекордни 858 милијарди долари, што е за 45 милијарди повеќе од предложеното од американскиот претседател Џозеф Бајден.

Loading...

Претставничкиот дом усвои компромисна верзија на законот со 350 членови за и 80 против, што далеку го надмина двотретинското мнозинство потребно за усвојување на законот и испраќање до Сенатот на гласање, пренесува Ројтерс.

Во отворањето на планираните 858 милијарди долари од буџетот, има и зголемување од 4,6 отсто на платите на војниците, набавка на оружје, бродови и авиони, вклучително и борбени авиони Ф-35, како и поддршка за Тајван и Украина.

Според Ројтерс, законот содржи и одредба побарана од многу републикански конгресмени, која повикува на укинување на задолжителната вакцинација против ковид19 за припадниците на вооружените сили.