Рекорден број новозаразени во Јужна Кореја

Сподели со своите пријатели

Јужна Кореја во вторникот имаше рекорд од 1.784 нови случаи на ковид-19 и го надмина рекордот од минатата недела поради брзото ширење на делта варијантата на коронавирус, објавија во средата корејските центри за контрола и превенција на болести (КДЦА).

Loading...

Анализата од минатата недела на 2.381 случај на инфекција покажала дека скоро 40 проценти од случаите се делта варијанта на вирусот, според податоците на KDCA.

Минатата недела беа дијагностицирани повеќе од половина од 1.714 случаи на инфекција со делта сојот на коронавирус од декември во Јужна Кореја.

И покрај рекордниот број на новоинфицирани, Јужна Кореја не забележа значително зголемување на хоспитализациите или смртните случаи, со стапка на смртност од 1,13 проценти и 214 тешки случаи во вторникот.

Јужна Кореја минатата недела имаше претходен рекорден број новозаболени лица.

Од 52 милиони жители на Јужна Кореја, 32 проценти ја примиле првата доза на вакцина против ковид-19, а владата сака да вакцинира 70 проценти од населението до септември.

Досега, Јужна Кореја имала 182.265 случаи на инфекција и 2.060 смртни случаи од ковид-19.

Leave a Reply