РЕКОРД: Јапонија издвојува 53 милијарди долари за одбраната

Сподели со своите пријатели

Во фискалната 2021 година, по неодамнешниот ребаланс на буџетот, Јапонија издвои вкупно околу 53 милијарди долари за армијата, што е највисоко во историјата на таа земја и претставува зголемување од 15 отсто во однос на минатата година.

Loading...

Јапонската влада неодамна иницираше и „протурка“ низ парламентот ребаланс на државниот буџет за фискалната 2021 година (кој завршува во март следната календарска година), кој за потребите на армијата издвои дополнителни 774 милијарди јени.

Така, вкупните финансиски средства кои далечната источна држава ги насочи за одбрана годинава достигна 6,1 милијарди јени или околу 53 милијарди долари.

Ова е најголемата сума што островската империја некогаш ја издвоила за одбрана и зголемување од 15 проценти во однос на 2020 година, што е исто така одраз на трката во вооружување во Источна Азија, но и најновиот придонес кон овој опасен тренд што ги потхранува тензиите на Корејскиот Полуостров, кризата во Тајван, како и неколку (ситни) територијални спорови.