Реконструирани улиците „120“ и 252“, нови 47 илјади метри квадратни асфалт во селата (ФОТО)

Сподели со своите пријатели

Улиците „120“ и „252“ во населбите Карпош и Ајдучка чешма во Куманово добија нов асфалт во рамки на програмата за реконструирање на дел од улиците во приградските населби.

Loading...

Денеска увид во сработенот направи градоначалникот на Општина Куманово Максим Димитриевски, кој истакна дека со овие две улици е обновена асфалтна површина од околу 6.000 метри квадратни.

– Го реализираме проектот за реконструкција, санација и обновување на улицата „120“ и улицата „252“, согласно проектот е планирано да се реконструираат прибилижно околу 6.000 метри квадратни локални патишта. Во рамки на тој проект ќе бидат реконструирани постоечките инфраструктури, обновени и поставена нова површина на асфалт во површина од околу 6.000 метри квадратни со вкупна вредност на инвестицијата од нешто помалку од пет милиони денари, изјави Димитриевски.

 

 

Во рамки на проектот „Општината за селата“ поставени се околу 47.000 метри квадратни нов асфалт во селата во околината на Куманово.

– Верувам дека овој тренд на изградба во Куманово ќе продолжи. Досега работевме голем број инфраструктурни проекти во рамки на програмата што ја нарековме самите ние во Општината, „Општината за селата“ и поставивме околу 47.000 метри квадратни нови асфалтни површини во поголем број на села, истакна градоначалникот.

Loading...

 

 

Програмата, вели Димитриевски, ќе биде надополнета на првата следна седница на Советот на општина Куманово со цел да опфати поголем број улици, како во приградските населби и села, така и во централното градско подрачје.

Никола Ивановски

Leave a Reply