Реконструиран патот кон Зубовце, населбата Јане Сандански добива атмосферска канализација (ВИДЕО)

Сподели со своите пријатели

Локалниот пат кон селото Зубовце во должина од пет километри е целосно реконструиран, со донација од компанијата „КООП Инжинеринг“, информираше денеска градоначалникот на Општина Куманово Максим Димитриевски.

Loading...

Станува збор за пат кон локацијата Самовилска вода, кој е од ниска категорија и направен пред неколку децении.

– Општината нема оделено средства за оваа акција, бидејќи се работи за 100 отсто донација и станува збор исклучиво за пробивање и искористување на постоечкиот пат и адаптација т.е. корекција на патот, некаде должината е околу пет километри и до сега истиот е завршен. Се работеше ја користам оваа прилика на фирмата донатор „КООП Инжинеринг“ и да се заблагодарам на сите сограѓани кои што беа активно вклучени во таа акција мислејќи на луѓето кои што живеат таму, рече градоначалникот.

Паралелно се поставува и атмосферска канализација во населбите Јане Сандански и Гоце Делчев, инвестиција во должина од 800 метри која треба да спречи уништување на патот од песок и чакал по секој дожд.

– Се работи за една од најкритичните локации во населбите Бабин Дол и Гоце Делчев. Таа локација во минатото генерираше сериозни проблеми поради недостаток на атмосферска канализација, истата е во фаза на изградба, кога ќе заврши целиот проект ќе излеземе со целосни податоци во делот на инвестицијата, бидејќи излегоа дополнителни проблеми во делот на длабочина на ископот кои драстично го менуваат износот на планираните средства, но со тоа дополнително ќе излеземе со податоци во јавноста и ќе ве информираме, изјави Димитриевски.

Како што додаде првиот човек на Куманово, средствата се веќе обезбедени од Буџетот и овој проект го оценува како корисен со оглед дека во минатото улицата постојано беше уништувата од наноси на песок.

Leave a Reply