Референти за управни работи од Куманово ја злоупотребиле службената положба

Сподели со своите пријатели

СВР Куманово поднесе кривична пријава против Г.Ѓ. (48) од Куманово – референт за Управни работи во Куманово и А.П. (44) од Куманово  – самостоен советник за управни работи за Крива Паланка поради постоење основи на сомнение за сторено кривично дело „злоупотреба на службена положба и овластување“.

Против Г.Ѓ. била донесена правосилна судска пресуда – казна затвор во траење од три месеци за сторено кривично дело фалсификување или уништување на деловни книги и му бил врачен налог за упатување на извршување на казната.

По ова истиот, искористувајќи ја својата службена положба, наместо да побара прекин на својот работен однос во МВР, тој на 05.01.2016 година сам се јавил на отслужување на казната затвор, а своето отсуство го покрил со користење на стар и нов годишен одмор.

А.П. пак, со пречекорување на своите овластувања во книгата за евиденции на вработени, секојдневно го пишувала името Г.Ѓ. како и времето на наводното негово доаѓање во 08.30 и на наводното заминаување во 16.30 часот од работа.

Исто така А.П. му го овозможила користењето и спојувањето на двата годишни одмори, а по однос на редовната евиденција за присуство на работното место за месец јануари 2016 година му овозможила и да му биде исплатена плата.