14.11.2019 09:21

Редок вид цицач виден повторно по 30 години (ФОТО)

Facebook Twitter Google+

Малиот и редок вид на елен, што научниците не го виделе скоро 30 години, е фотографиран во шума во јужен Виетнам, соопшти Глобалната група за зачувување на дивиот свет.

Фотографиите на малото животно, познато и како виетнамско еленско глувче со сребрени грбови, се направени во дивината, соопштија од групата, додавајќи дека животното со големина на зајак не било ниту елен, ниту глувче, туку најмалиот цицач со копита.

loading...

Овие животни обично се срамежливи и осамени, делува како да одат на врвот на своите копита и имаат крзно од сребрена боја, велат од групата.

Животното за прв пат е опишано во 1910 година. Тоа е видено пет пати во централниот дел на Виетнам до 1990 година и е прогласено за еден од најретките животински видови.

Камерите поставени во шумата во период од пет месеци направиле над 1.800 фотографии.


© Со преземање на содржината ги прифаќате Условите за преземање содржини
Loading...

Последни наслови

Facebook Comments