Реализирани 20% од кварталниот Буџет на Општина Куманово (видео)

Сподели со своите пријатели

На дневниот ред на 51-ва седница на Советот на Општина Куманово денес се најде и кварталниот извештај за реализација на Буџетот на општината кој е реализиран 20% на приходната страна, а 15% на расходната страна.

Како што истакна раководителот на Секторот за финансии при Општина Куманово, Ирена Илиевска најголемиот дел од реализирани приходи се од даноците и дотациите кои 100% се исплатени од страна на Владата.

Расходите се за нормално фунцкионирање и подмирување на трошоците на општинската администрација, за трошоци кои што се согласно програмите на јавните претпријатија донесени во текот на претходната година, додека во капиталните расходи има исплата на поединечни оние ситуации кои што се завршени во претходниот период, почнувајќи опд реконструкција и изградба на некои нови улици, тротоари, фасади на некој дел од училиштата и за спортски сали – изјави Илиевска.

Loading...

 

Таа потенцираше дека поради судскиот спор од еден милион евра, општината веќе четврта година по ред работи со блокирана сметка.

Опозицијата во Советот сепак обвини дека буџетот претставува „бунар на желби“ кој никогаш не може целосно да се реализира.

Од пред нас доставениот извештај гледаме дека само две ставки се реализирани со 100%, а тоа е ставката дотаџции од централната власт, значи централната власт ги исполнува своите обврски во 100%, тука пропаѓаат сите оправдувања на локалната власт дека не работат добро затоа што немаат дотации од централната власт. Втората ставка која е реализирана во 100% е исплата на плати за вработените општинската администрација, сите други ставки во проценти се остварени со помалку од 50% – изјави Драган Петковски, координатор на советничката група на ВМРО-ДПМНЕ и коалицијата.

 

По кратка дискусија сепак на крајот со 14 гласа „за“, десет „против“ и еден „воздржан“ беше изгласан кварталниот извештај за реализација на Буџетот на Општина Куманово.