Разрешени петмина високи украински обвинители

Сподели со своите пријатели

Петмина високи украински регионални обвинители беа отпуштени денеска, еден ден откако претседателот на Украина ги иницираше најголемите политички промени од почетокот на војната.

Loading...

Службениците, од кои повеќето се обвинители во украинските региони, беа отпуштени од главниот обвинител Андриј Костин, соопшти неговата канцеларија.

„Костин потпиша наредба за отпуштање од административни позиции во Запорожје, Кировохрад, Полтава, Суми и Чернигов“, се вели во соопштението објавено од Ројтерс.

Повеќе од 10 високи украински функционери беа сменети од нивните позиции во вторникот, како што велат аналитичарите, како реакција на неодамнешниот корупциски скандал.

Во вторникот, заменик-министерот за одбрана на Украина, Вјачеслав Шаповалов, поднесе оставка, како и заменик-началникот на Генералштабот на Зеленски, Кирило Тимошенко, а заменик државниот обвинител Олексеј Симоненко беше разрешен.

ПРОЧИТАЈТЕ И:  Најмалку осум загинати, 25 ранети во руски напад на Украина

Сите информации поврзани со најновите случувања со војната во Украина можете да ги прочитате ТУКА.