Расте излезноста во Куманово

Сподели со своите пријатели

Заклучно 11 часот во Општина Куманово како најголема општина според бројот на гласачи, своето право на глас го оствариле вкупно 14.12% од гласачите, односно 13.031 лица, покажуваат податоците на Државната изборна комисија.

Loading...

Во Куманово денеска се гласа на 149 избирачки места, а право на глас имаат вкупно 92.300 полнолетни граѓани.

До 9 часот утринава кога беше и првиот пресек на излезноста во Куманово своето право на глас го остварија 5,97% од гласачите.

Никола Ивановски

Leave a Reply