Расправата за законот за употреба на јазиците продолжува утре

Сподели со своите пријатели

Собранието на Република Македонија попладнево ја продолжи 15. седница по Предлог-законот за употреба на јазиците на која пратениците од опозицијата продолжија со реплики, контрареплики, процедурални забелешки и обвинувања. 

Претеседателот на Парламентот, Талат Џафери, по 20-минутно продолжение ја прекина седницата и најави дека ќе ја продолжи утре во 11 часот. Џафери даде еден час пауза и најави продолжување на 16. седница во која има закон по итна постапка.

Претпладнево пратениците од опозицијата го повторија ставот дека законот за јазиците е противуставен и побараа негово повлекување со цел да биде доработен. Според нив, со имплементацијата на законот нема да се подобри соживотот во државата.

За парламентарното мнозинство законот е во согласност со Уставот на Република Македонија и со него не се воведува двојазичност на целата територија на државата. Законот за јазиците, како што посочија, обезбедува целосна граѓанска рамноправност.

Извор: МИА

Loading...