Расичестени низа кражби во Куманово, приведени четири лица

Сподели со своите пријатели

Четири лица биле приведени рано утринава под сомнение дека извршиле неколку кражби во Куманово.

Loading...

Првото приведување се однесува на две лица на возраст од 29 и 47 години кои се сомничат за три кражби.

Како што информираат од Секторот за внатрешни работи Куманово, денеска во 06.00 часот, полициски службеници од СВР Куманово, врз основа на судска наредба од Основен суд Куманово, ги лишиле од слобода М.З. (29) и Р.Е.(47), двајцата од Куманово поради постоење основи на сомнение дека на 19.02., 09.04 и 19.04, со употреба на сила влегле во две куќи и еден деловен објект и одзеле разни предмети.

Само педесет минути подоцна кумановската полиција привела уште две лица под сомнение дека од гаража украле повеќе предмети.

– Денеска во 06.50 часот, полициски службеници од СВР Куманово, врз основа на судска наредба од Основен суд Куманово, ги лишиле од слобода Ч.М.(19) и Е.С.(20), двајцата од Куманово, поради постоење основи на сомнение дека на 03.02.2021 со употреба на сила од гаража на Ф.Н. на улица „Пелинска“ одзеле повеќе разни предмети, информираат од Секторот за внатрешни работи Куманово.

Сите четворица биле спроведени во Основен суд Куманово за понатамошна постапка.

Никола Ивановски