12.07.2018 00:18

Рама: Признавање на независноста на Косово е решение на проблемот помеѓу Белград и Приштина

loading...

Албанскиот премиер Еди Рама изрази надеж дека Белград и Приштина низ дијалог ќе пронајдат решение, за кое вели дека од аголот на Тирана би било целосно признавање на независноста.

Рама во изјава за српските новинари на маргините на НАТО самитот во Брисел, изразил голема благодарност до српскиот претседател Александар Вучиќ на вложените тешки напори да се влезе во овој процес и тој да заврши со решение.

Потенцира дека помеѓу Белград и Тирана постои согласност дека не се сложуваат околу исходот.

– Јас мислам дека целосно признавање на независноста на Косово е единствено решение на овој долгогодишен проблем и единствен начин да се надмине крвавото минато и конфликтите, вели Рама.


© Крадењето авторски содржини е забрането со закон. Преземањето на текстови, изјави или фотографии во авторска сопственост на порталот Кумановски Муабети е дозволено делумно, со задолжителен хиперлинк до содржината која се пренесува.

Последни наслови

Facebook Comments