Раководител на смена во ПС Пелинце избркан од работа за сторено кривично дело

Сподели со своите пријатели

На полицаец од Пoлициска станица од  Општа надлежност Куманово, СВР Куманово, во текот на минатата недела, изречена му е мерка „парична казна“ во висина од 10% од месечната плата за четири месеци, откако службеното лице употребило исправа со невистинита содржина, јавува МВР во извештајот за спроведени дисциплински постапки.

Loading...

Раководител на смена во ПС за ГП и ГН Пелинце, РЦ за ГР Север, изречена му е мерка „отказ“, откако службеното лице сторило кривично дело.

Како што информира МВР, со мерка отказ е санкциониран и полицаец во ПС за ГН Сопот, РЦ за ГР Север, бидејќи службеното лице истотака сторило кривично дело, се вели во неделниот извештај.

 


Comments are closed, but trackbacks and pingbacks are open.