Ракометарите на Куманово утре против Скопје

Сподели со своите пријатели

Ракометарите на Куманово утре на домашен терен го пречекуваат составот на РК Скопје во рамките на плеј аут делот од сезоната.

Loading...

Апсолутнио незапирливите кумановци на средбата влегуваат како фаворити по досегашните четири победи од исто толку одиграни натпревари во плеј аут завршницата.

Кумановци ќе се борат да ја задржат лидерската позиција во табелата, додека РК Скопје ќе се обиде да се помести од четвртата позиција на која моментално се наоѓа.

Мечот ќе се одигра во спортската сала на СОУ „Перо Наков“ со почеток во 18:13 часот.

Никола Ивановски

ПРОЧИТАЈТЕ И:  Во Липково утре гласање на 36 избирачки места