Ракометарите на Куманово со пораз ја стартуваа натпреварувачката сезона

Сподели со своите пријатели

Ракометарите на Куманово забележаа пораз во првиот натпревар оваа сезона, откако на гостински терен вчера беа совладани од составот на Скопје 2020 со резултат 30:23.

Loading...

Кумановци го добија почетокот на натпреварот, но веднаш по првите неколку минути резултатот започна да се менува, па домаќинот ја презеде играта.

До крајот на полувремето Скопје направи предност од четири поени, при што на пауза се замина со резултат 15:11.

Во вториот дел Куманово не успеа да се избори за подобар резултат, па мечот заврши со конечни 30:23.

Најефикасни во составот на Куманово беа Новица Денковски и Марко Спасиќ со по пет реализирани погодоци, а во составот на Скопје со осум голови поентер на мечот беше Марио Мишевски.

Никола Ивановски

Leave a Reply