Ракометарите на Куманово со победа против Јуниор

Сподели со своите пријатели

Ракометарите на Куманово впишаа победа на првиот плеј аут натпревар сезонава откако на гостински терен викендов го совладаа составот на Јуниор Кисела Вода.

Loading...

Кумановци со голема желба за опстанок во елитата и следната сезона го отворија овој меч, а тоа резултираше и со водство на крајот на првото полувреме од 8:11.

Токму тоа водство ракометарите на Куманово се трудеа да го зачуваат до крајот на средбата што им донесе победа со само еден гол разлика и конечен резултат 20:21.

Владан Кастратовиќ кај Куманово ја предводи листата најдобри стрелци на овој меч со реализирани 10 погодоци, додека по три имаат Зоран Ѓурковиќ, Јован Даневски, Никола Бечејац, а еден помалку впиша и Стефан Колоски.

ПРОЧИТАЈТЕ И:  Кумановец бил агресивен и оштетил инвентар на бензинска пумпа

Кај Јуниор со четири гола најдобар беше Стефан Крстески.

Следниот меч кумановци повторно го играат на гостински терен во недела против составот на Струга.

Никола Ивановски