Ракометарите на Куманово поразени од Јуниор (ФОТО)

Сподели со своите пријатели

Машкиот ракометен клуб Куманово викендов со резултат 23:27 претрпе пораз на домашен терен од составот на Јуниор во рамките на второто коло од Првата машка ракометна лига.

Loading...

 

 

Кумановци добро влегоа во натпреварот, но некои ситни грешки беа искористени од гостинскиот состав, па првото полувреме беа во негатива со 11:13.

 

 

Loading...

Составот на Куманово не успеа да ја консолидира играта ниту во вториот дел, иако не дозволи поголеми резултатски предности на гостинот во текот на мечот, сепак на крајот загуби со четири голови разлика.

 

 

Андреј Миладиновски беше најефикасен во составот на Куманово кој реализираше шест голови, додека со еден погодок помалку мечот го заврши Влатко Тасевски.

 

 

Loading...

Во гостинскиот состав најфикасен со шест погодоци беше Ратко Димовски.

 

 

 

 

 

Loading...

 

 

 

 

 

Loading...

 

 

 

Loading...

 

 

 

 

Loading...

 

 

 

 

 

Loading...

 

 

 

Loading...

 

 

 

Текст/фото: Никола Ивановски