Ракета на „Спејс икс“ на пат да се судри со Месечината

Сподели со своите пријатели

По седум години хаотично патување поради гравитацијата на Земјата и Месечината, ракетата на „Space X“ е на пат да падне на Месечината во март.

Loading...

Фазата на потисок на ракетата „Фалкон 9“ првично беше лансирана во февруари 2015 година, носејќи вселенски метеоролошки сателит на своето патување од еден и пол милион километри.

Сепак, по фазата на долго согорување и испраќање на „Опсерваторијата за климата во длабоката вселена“ на пат до точката Лагранж – позицијата на неутрална гравитација четири пати подалеку од Месечината и во директна линија со Сонцето – ракетата остана заробена.

 

 

Во тој момент беше премногу далеку и немаше доволно гориво за да се врати во земјината атмосфера, но немаше доволно инерција да избега од гравитацијата на Земјата и Месечината.

„Има хаотична орбита од февруари 2015 година“, објаснува Ерик Бергер во написот за техниката Арс.

Loading...

Ракетата, која претставува четири тони вселенско ѓубре, сега е на пат да се судри со Месечината со брзина од 2,58 километри во секунда.

Софтверскиот експерт Бил Греј, кој пишува програми за следење објекти, астероиди, помали планети и комети, наведува дека ракетата најверојатно ќе ја погоди далечната страна на Месечината, во близина на екваторот на 4 март.

„Ова е првиот ненамерен случај на судир на вселенски отпад со Месечината што ми е познат“, додаде Греј.