РАЈ НА ЗЕМЈАТА: Ова е најмалиот населен остров на земјата (фото+видео)

Сподели со своите пријатели

За оние кои не знаат, островот Just Room Enough е најмалиот населен остров во светот.

Станува збор за мало парче земја во Њујорк на кој е направена мала куќа, а покрај неа има и дрво.

Loading...

Just Room Enough е едно од над 1.800 острови на реката Сен Лорен, која ги разделува Њујорк и Онтарио.

Островот во 1950 година го купило семејството Сајзленд, за да подоцна на него изгради колиба и засади дрво. Потоа својот имот го нарекле Just Room Enough Island.

Целиот остров не е поголем од тениски терен, а двојно е помал од Бишоп Рок, островот кој некогаш важеше за најмалото населено место во светот, па така е и запишано во Гинисовата книга на рекорди.