Рај на Карибите кој за празниците ќе ги пречека најбогатите луѓе на денешницата

Сподели со своите пријатели

За разлика од обичните смртници кои ќе ги слават новогодишните и божиќните празници во нивните домови или можеби во некои од градските плоштади низ целиот свет, милијардерите од светскиот џет-сет се подготвуваат да ги пречекаат празниците на нивните суперлуксузни јахти, па бродовите на Роман Абрамовиќ и Дејвид Гефинс веќе се подготвени да ги примат нив и нивните гости во пристаништето на Карибите.

Loading...

Покрај овие две, во Карибите има уште 50 супер луксузни јахти, кои чекаат на нив да се качат милијардерите од целиот свет, кои решија да ги поминат одморите на овој рајски остров.

Кога станува збор за димензиите на бродовите, моментален лидер е сопственикот на Челси, Роман Абрамовиќ и неговата јахта Еклипса, која ја градеше германската компанија Блохом и Вос по дизајнот на Теренс Дисдал.

Еклипса за време на лансирањето, во 2011 година, беше најголемата јахта на светот со 170 метри, а таа титула ја загуби во 2012 година од Азам за триесет метри. Јахтата на Абрамович се напојува со четири дизел мотори и може да прими 36 лица.

Image by Hans Braxmeier from Pixabay

Опремена е со кино, конференциска сала, салон за убавина, подиум за танцување, базен, сауна и детска соба за игри. Исто така, има два базени, две пристаништа за хеликоптери, диско салон, 30 кабини, мини подморница, па дури и ракетен одбранбен систем.

Она што е можеби е највпечатливо за Абрамович и неговите гости е заштитата од папараците, односно ласерскиот систем дизајниран да ги заслепува фотографите.

Loading...

Абрамович плати половина милијарда евра за целиот овој луксуз. Сепак, поради бројните барања, вредноста беше дури 1,5 милијарди долари за време на лансирањето.

Рускиот милијардер Виктор Рашников ја поседува втора најголема јахта на Карибите. Поточно, димензиите на јахтата „Ошен виктори“, изградена во 2014 година, се „скромни“ 150 метри и се дело на мајстор од Италија. Околу 36 луѓе можат да најдат забава на неа. Се карактеризира со шест базени, платформа за слетување на хеликоптери, подводни простории за набудување и бања од 300 метри квадратни. Оваа луксузна играчка чинеше „само“ 320 милиони долари.

Следниот по ред е „Рајзинг сан“ во сопственост на американски инвеститор и бизнисмен Џошуа Кушнер и неговата сопруга, моделот Карли Клос. Долга е 139 метри и може да прими 16 лица.

Покрај овие, во рајот на Карибите се вклучени јахтите на музичкиот магнат Давид Гефен, во должина од 138 метри, во вредност од 200 милиони долари, и рускиот нафтен магнат Јуџин Швидерлер, со должина од 113 метри, во кој можат да се сместат до 20 лица со голем број членови на екипаж.

Image by vedat zorluer from Pixabay

Јахтата со име „Ле гранд блу“ е подарок од Роман Абрамович, кој води инвестициска компанија со Швидер, а сето тоа заради посветеноста што сопственикот на Челзи ја препозна во својот сонародник.

Во избраната елита се и јахтите од сопствениците на модната империја Луис Витон, Бернард Арно и „Ас“, чија сопственичка е наследничката на ланецот продавници „Волмарт“ Ен Валтон.

Loading...

Судејќи според цените на овие супер јахти, како и од банкарските сметки на присутните, Дедо Мраз може удобно да го прескокне овој дел од светот оваа година, затоа што веројатно нема што да понуди на овој супер луксуз во кој светските милијардери ќе ги поминат празниците.

Leave a Reply