Работодавец од Куманово изработил лажен ПЦР тест за свој вработен

Сподели со своите пријатели

Работодавец од Куманово изработил лажен ПЦР тест за свој вработен за да може да замине на работа во странство. И двајцата биле прибедени на скопскиот аеродром.

Loading...

– На 05.05.2021 во 05.30 часот на Граничниот премин „Меѓународен аеродром Скопје“, A.B.(30) од Србија приложил негативен ПЦР тест издаден од лабораторија од Скопје. Поради постоење основи на сомнение дека тестот е фалсификуван не му бил дозволен излез од РСМ, информираат од Министерството за внатрешни работи.

Како што додаваат од полицијата, на Граничниот премин дошол и П.Н.(33) од Горно Којнаре, кумановско, работодавец на пријавениот, кој признал дека го изработил фалсификуваниот ПЦР тест, со цел неговиот вработен да може да патува во странство.

Двајцата биле предадени на полициски службеници за понатамошна постапка.

Никола Ивановски

Leave a Reply